Создавајте лажни и-мејл адреси со Relay

Мартин Јованчевски

во Совети

Relay е екстензија за прелистувачот Firefox. Со неа можете да создавате неколку лажни и-мејл адреси и потоа тие да се вметнуваат при регистрација на сомнителни или неважни сајтови.

Праксата со вметнување лажни и-мејл адреси знае да биде исклучително важна затоа што често се случува да се хакираат бројни бази со податоци и да се пробијат ваши важни налози. Токму поради ова, покрај советот за уникатни, комплексни лозинки, често се препорачува да не се расфрлате премногу со вашите главни и-мејл адреси за да во ситуација на несаканото, и понатаму останувате релативно заштитени. Вметнување лажни и-мејл адреси е исто така важно во ситуации кога не сакате вашиот примарен налог постојано да биде спамиран од несакани и-мејлови.

Со создаден налог на Relay можете лесно да ги елиминирате горе-споменатите стравови. Исто така, секој што ќе ви испрати мејл на вашата лажна и-мејл адреса, не може да биде поголем од 150 килобајти. Екстензијата е особено добра и за автоматско пополнување на лажните податоци.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии