Создавајте филмови со Kdenlive

Kdenlive e апликација која би требало да ви помогне да правите подобри и поквалитетни филмови. Се работи за бесплатен управител со видео содржини за Windows, но и macOS, и Linux.

KDE Non-Linear Video Editor, или кратко – Kdenlive е флексибилен управите со кој, доколку вложите труд, можете да направите вашите филмови да изгледаат професионално.

На располагање имате управување и уредување низ неколку траки (multi-track editing), преглед низ временски линии (timeline previews), изобилство од премини (transitions) и ефекти, поддршка за бројни аудио и видео формати, едноставни опции за вметнување превод, автоматски можности за бекап, и многу повеќе!

Kdenlive е бесплатна алатка и не бара инсталација за да се користи. По преземање и покренување на преносливата верзија, едноставно пуштете ги видео клиповите во лентата. Од тука, можете да делите еден клип на два помали, да отстраните што не ви се допаѓа, или да ги распределите на различни временски точки. Сево ова можете дополнително да го обогатите со најразлични премини за да изгледа поимпресивно.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии