Создавајте 3D модели на авиони со Model Air Design 2

Мартин Јованчевски

во Софтвер

Следнава алатка ја препорачуваме на сите љубители на авиони. Доколку отсекогаш сте сакале да правите тродимензионални модели на авиони, но сте го немале потребното комплексно знаење во CAD, ова е програмот за вас!

Model Air Design 2 е целосно бесплатен за користење. По неговото покренување ќе можете да изберете некој од претходно понудените основни модели, како, на пример, Bugatti 100p, RC Biplane, Military Jet, Canard Jet или Cessna 140. По ваквата неопходна имплементација на еден основен модел, лесно можете да правите најразлични промени кои најверојатно ќе резултираат во вашиот авион од соништата.

Кога ќе се приближите кон крајот од дизајнирањето и, доколку сте задоволни од сработеното, можете да го офарбате, па дури и да го гледате како лета. Кога сме кај летањето, таквото нешто е возможно само со еден авион, или во најразлични формации.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии