Создајте веб сајт кој ќе се уништи доколку ништо не се објавува 30 дена

sdnotes.com/yoursitename е исклучително интересен линк. Имено, доколку наместо yoursitename, ставите некое друго име, инстантно ќе можете да креирате веб сајт, до кој ќе се пристапува од сите преку таквиот линк (пр. sdnotes.com/kviki).

На вака-создадениот сајт ќе можете веднаш да започнете со пишување постови, а истото ќе можат да го направат и вашите посетители, барем додека не решите да ги заклучите содржините со лозинка. Освен текстуални постови, не можете да правите ништо друго; тоа значи дека нема можности за вметнување и фотографии како и дизајнот.

И полека доаѓаме до најинтересниот дел. Доколку нема никаква активност во времетраење од 30 дена, вашиот веб сајт автоматски се брише, а уникатното име на сајтот може да биде преземено од некој друг. И покрај ваквиот услов, sdnotes.com/yoursitename се чини како корисна идеја и можности за привремени проекти со претходно зацртани цели.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии