Создадете бутабилно USB со Rufus

Секој пат кога сакате да форматирате хард диск и реинсталирате оперативен систем потребен ви е бутабилен медиум на кој се наоѓа сликата од оперативниот систем. Таквите слики (image) за Windows или Linux се во форматот ISO и она што обично се прави е да се изрежат таквите фајлови на CD или DVD и со нив да се започне целиот процес на реинсталирање на оперативниот систем. Но, во одредени ситуации, попрактично е да се создаде бутабилно USB.

Rufus е беспплатен програм каде на лесен и брз начин ќе можете да креирате бутабилно USB од преземената слика. Едноставно изберете го USB-то од корисничкиот интерфејс, лоцирајте го ISO фајлот и кликнете на копчето Start. Rufus подршува Windows to Go, односно пренослива верзија на оперативниот систем. На овој начин, можете да покренете Windows директно од USB стикот, со што, на некој начин, создавате преносливо PC.

Нормално, оние кои сакаат само да ја инсталираат најновата верзија на Windows 10, немаат потреба од вакви надворешни помошници затоа што од сајтот на Microsoft може да се преземе нивната официјална алатка која автоматизирано ја презема најновата верзија на Windows 10 и создава бутабилно USB.

2 коментари на “Создадете бутабилно USB со Rufus

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии