Совети за подобро пребарување на Twitter

Користење колони во TweetDeck, следење на листи и хаш-тагови, па дури и откажување од некои профили кои само ви го претрупуваат фидот со вести… сите овие се методи за да може да се подобри Twitter искуството и да се откријат најновите и најважните-за-вас информации. Но, бидејќи има премногу твитерџии, следиме над стотина профили кои твитаат постојано, често е тешко да се најде тоа што го барате. Се додека не го откриете пребарувањето на Twitter.

Тwitter Search е алатка која можеби твитерџиите не ја користат толку често бидејќи го имаат сфатено Twitter како место за најнови твитови, не место за најрелеватни твитови. И тоа можеби е погрешно бидејќи Twitter може да ви биде вториот Google.

Најдовме неколку интересни функционалности на Twitter Search кои не само што го олеснуваат преварувањето, туку го сортираат и го прават поефикасно. Сега наместо само да впишете клучен збор, ќе знаете како да го искористите менито од левата страна за да пребарувате подобро.

Избришете ги ретвитовите од резултатите

Ретвитовите можат да бидат досадни. Често една иста тема ја следаат многу луѓе, и сигурно ќе има многу ретвитнати пораки. За да ги зачистите резултатите едноставно додадете -rt после терминот што го пребарувате и на тој начин ќе ви се прикажуваат само пораките објавени од корисниците.

Пребарување според локација

Twitter нуди и пребарување според локација или во одреден радиус. Така доколку напишете near: Skopje within:5km ќе ви и прикаже сите резултати испратени од Скопје во радиус од 5km. Ова е неверојатно корисна услуга не само за локалните твитерџии и следење на локални настани, туку и за секој турист кој се наоѓа во непозната околина, и кој може да ги искористи твитерџиите да стигне до најдобриот ресторан или интересниот споменик.

Твитови испратени од одреден корисник

Во случај да сакате да ги видите твитовите од некој специфичен корисник на некоја тема што ве интересира, само што треба да напишете во полето за пребарување е from:корисникот и што пребарувате.

Пребарувајте твитови објавени во одреден временски период

На Twitter овозможено е и пребарување на содржината „од – до“ одредена дата. Доколку сакате да ги прегледате твитовите до 15 ноември 2012 година, во полето за пребарување пишете until:2012-11-14, или since:2012-10-01 доколку сакате да ги видите сите твитови објавени од тогаш, па до денес.

Зачувајте одреден термин за пребарување

Корисниците на Twitter имаат можност да зачуват 25 пребарувања. Откако ќе го впишете зборот што го барате, на десната страна имате иконка преку која можете да го зачувате оваа пребарување. Така, откако ќе кликнете на полето за пребарување ќе ви се прикажат сите зачувани пребарувања и со еден клик ќе можете да пристапите до истото.

Напредно пребарување

Доколку не успеете да ги запомнете сите овие корисни опции кои ги нуди Twitter, постои и страница Advanced Search – https://twitter.com/search-advanced. Преку неа ќе можете да ги правите истите пребарувања што ги наведовме погоре.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии