Дигиталните фајлови знаат да бидат оштетени, што знае да биде огромна штета, особено во ситуации кога се работи за драгоцени слики, видеа или документи. Во овие ситуации нема магично решение, но никако не се препорачува веднаш да се откажете. Поради тоа, доколку наидете на корумпирана слика, видео или документ, засукајте ги ракавите и пробајте некој од следниве совети.
Корумпирани слики
- Менување на името или форматот на сликата знае да помогне. Името го менувате со десен клик на фајлот, па избирање rename, а за менување формат, можете да одите со Online Converter.
- Stellar Repair for Photo може да помогне за озбилни корупции, но знае да биде скап. Поевтина опција е:
- OfficeRecovery.com е уште една корисна алтернатива

Корумпирани видеа
- VLC Media Player е корисна алатка која знае да конвертира корумпирани видеа во еден функционален формат. Преку менито, изберете Convert/save и преку копчето Add изберете го оштетениот фајл, за да изберете codec од паѓачкото мени и локација за сочувување.
- Доколку горната метода потфрли, можете да пробате со платежната алатка Fix.video. Поправките се онлајн, но знаат да чинат значително (500 денари за клип од 30 секунди).

Корумпирани документи
- Преку Word, одете на file, pa изберете Open за да преку Browse го лоцирате оштетениот документ. Преку стрелката до копчето Open изберете Open and Repair за да проба Word да ги отстрани сите проблеми и правилно да го отвори документот.
- Внесете ги содржините од корумпираниот документ во нов документ. Отворете нов документ, па преку јазичето Insert изберете Text from File. Изберете го проблематичниот документ и кликнете на Insert.
- Пробајте да го сочувате документот во Rich Text форматот или .rtf и прикачете го на Google Docs за да видите дали од таму ќе се прикаже.
- Проверете дали самиот Windows 10 има сочувано постара, некорумпирана верзија од документот преку File History или System Restore.
Добивај известувања
Најава
1 Коментар
Најнови







