Совети и апликации за поправка корумпирани MP3, зипувани и системски фајлови

Пред некој ден се потрудивме да ве советуваме како да пробате да поправите корумпирани слики, видеа и документи. Таквиот текст ви стои на располагање тука, а овојпат ќе пробаме да разгледаме неколку совети за исправка на оштетени mp3-ки, копресирани фајлови, или пак системски.

Корумпирани MP3-ки

  • Употреба на бесплатната апликација MP3val може да помогне за исправка на оштетената mp3-ка. Преку менито File, изберете Add file за да го изберете оштетениот фајл и потоа изберете Scan selected files for errors. Потоа кликнете на Repair selected files за да програмот проба да ја искорени корумпираноста. :)
  • Во случај горната апликација да потфрли, пробајте со mp3Repair. Директно од прелистувачот, поставете ја на сајтот и изберете Repair audio length. Финалниот продукт го презимате одново, а можете да го отсечете почетокот на MP3-ката, нешто што обично е изворот на оштетувањето.

Корумпирани зипувани фајлови

  • DiskInternals Zip Repair е алатка со која го избирате оштетената ZIP датотека и ја поправате целосната структура. Содржините од исправките и финалниот процес се во нов фолдер.

Корумпирани системски фајлови

  • System File Checker или SFC е Windows алатка со која го скенирате вашиот систем и пронаоѓате дали има одредени фајлови кои се корумпирани или модифицирани за да истите бидат заменети со соодветната верзија. За да пристапите до алатката, кликнете на Start и напишете cmd. Во ново-отворениот црн прозорец напиште sfc /scannow и претиснете Enter за да започне процесот на скенирање и исправки.
How To Run Sfc Scannow Command In Windows 10 [Tutorial] - YouTube
  • Може да се случи горниот начин да не успее да најде соодветна замена и во тој случај можете да пробате со една друга алатка која се вика DISM и е скратеница од Deployment Image Servicing and Management. Преку cmd напишете Dism /Online /Cleanup-Image /RestoreHealth и притиснете Enter за да се преземат фајловите што недостасуваат. На крај, одново покренете го процесoт SFC.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии