Наскоро ќе видиме South Park RPG

Креаторите на South Park, Треј Паркер и Мет Стоун се решија да ги оживеат ликовите на Ерик, Стен, Кајл и Кени на малку поинаков начин отколку што сме навикнати. Треј и Мет во соработка со THQ и Obsidian ја најавија South Park RPG. Оbsidian се познати по дизајнирање на продолженија на издадени видео игри Neverwinter Nights 2, Fallout New Vegas, Dungeon Siedge III и други. Играта е најавена како RPG (role-playing game), а карактер кој ќе се игра ќе ја земе улогата на ново дете кое пристигнува во училиштето во Колорадо.

Според најавите ќе имате избор помеѓу волшебник, паладин, авантурист, крадец и уште една сé уште необјавена класа. Играта барем за сега е замислена како 2D RPG. Дополнителен оптимизам внесува и најавата дека креаторите на South Park, ќе ја направат целата приказна во играта како и оживувањето на гласовите на карактерите од серијата. Интересен е и податокот дека и покрај тоа што серијата трае веќе 15 години ова ќе биде првпат да се направи мапа на градот. Интересот на креаторите на South Park за видео игри е прикажан и во нивните серии, а најверојатно најпрепознатлив е во епизодата Make Love not Warcraft.

Играта е најавена за втората половина на 2012 година. a листата на веќе објавени детали за играта можете да ја разгледате тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии