South Central Ventures ќе инвестира 100.000 евра во македонскиот стартап Letz

Image Courtesy of Letz.do

Фондот South Central Ventures, кој има свои канцеларии и во Скопје од октомври, 2015-та година ја направи првата локална инвестиција – во своето портфолио, фондот го додаде малку познатиот и релативно нов стартап Letz, кој има свои канцеларии во Скопје и во Амстердам. Letz е chatbot базиран на вештачка интелигенција кој се обидува на корисниците да им помогне во дневните активности.

SC Ventures во Letz ќе инвестира почетен капитал од 100.000 евра. Toa што ја прави Letz интересна за инвеститорите е најверојатно chatbot-бумот кој стартуваше со Facebook. а фондот на својот сајт појасни дека инвестицијата е во област која сега станува доста популарна, особено по лансирањето на бот платформата на Facebook, по успехот на Slack и најавите на Microsoft дека и тие работат на чет ботови базирани на вештачка интелигенција.

Timska-SlikaТимот на Letz, image courtesy of SC Ventures

Основачи на Letz се Нино Карас и Мартин Анчевски кои ги знаеме како ко-основачи на CodeWell и апликацијата МаркО – за кој основачите ни потврдија дека ќе продолжи да постои како независен продукт и ни ја појаснија дилемата дека Letz не е спиноф на МаркО.

“Letz ќе донесе нова перспектива кон решавање на проблемот со личната продукивност преку подобрување на корисничката продуктивност, преку рафинирани и пријателски интеракции – односно чет комуникацијата. Веќе познатата интеракција и рафинирано присуство ќе придонесе кон целосна поддршка на корисникот преку целиот ден правејќи го поефикасен. Инвестицијата од South Central Ventures ќе го забрза финализирањето и лансирањето на производот и ќе помогне да го пласираме продуктот на глобалниот пазар.”, изјави Нино Карас, ко-основачот на Letz.

Со цел да ја задоволат нашата и ваша љубопитност, ги прашавме основачите на Letz да ни дадат реални примери за тоа како во реалност би се користел сервисот, на што ни одговорија:

Пример би било, Letz те буди од сабајле и те потсетува и ти помага да си го испланираш денот. Те потсетува за битни работи преку денот, ти сервира работи кои сакаш да ги правиш во време кога би бил најпродуктивен, како на пример ти ги сервира омилените вести дур се возиш во автобус после работа накај дома.

Според текстот во кој SC Ventures ја најави инвестицијата, Letz планира да придонесе кон зголемување на секојдневната продуктивноста и завршување на дневните задачи на нов и забавен начин. Нивниот чет бот симулира разговори кои ги охрабруваат корисниците да ги завршат задачите и им дава поттик и потсетници.

Според најавите, се очекува Letz да биде лансиран на 5-ти октомври.

Честитки CodeWell! Вие сте првиот македонски стартап кој го привлече интересот на venture-capital фондот South Central Ventures.

6 коментари на “South Central Ventures ќе инвестира 100.000 евра во македонскиот стартап Letz

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии