South Central Ventures инвестира 1,9 милиони евра во хрватската платформа AdScanner

Инвестициониот фонд South Central Ventures го препозна потенцијалот на хрватскиот стартап AdScanner и инвестираше 1,9 милиони евра. И досега стартапот имаше солидни за регионот, инвестиции од 0,8 милиони долари.

AdScanner работи на „big data“ технологија која препознава видео содржини. Со технологијата која ја развиваат се надеваат дека ќе можат да зголемат ефикасноста, транспарентноста и телевизијата да биде споредлива со дигиталните канали за рекламирање. И самата технологија секако се однесува најмногу на рекламите, а алгоритамот на стартапот може да препознае 16 537 861 различни реклами.

Технологијата која ја развива стартапот ви иднина ќе им помогне на телекомуникациските и кабелските провајдери да изградат телевизиски рекламен модел на иднината.

AdScanner има технологијата ја базира во неколку „столба“:

  • Уникатен алгоритам за препознавање на видео содржини за следење и каталогизација на ТВ рекламите, развиена од стартапот.
  • Информирање на корисниците кога посакувана сценарија се случило за нив или за конкурентите.
  • Уникатна технологија за мерење и евалуација на перформансите на ТВ рекламите, развиена од стартапот.
  • Спојување на сите комерцијални податоци за клентот и интеграција со клучните параметри на клиентите како и податоци од трети страни во контролната табла за маркетинг.

Технологијата на AdScanner се користи во Хрватска, Австрија, Германија, Бугарија и Србија.

„Сум слушнал многу луѓе кои сметаат дека телевизијата умира. Некои тврдат дека рекламните буџети се префрлаат онлајн и на преносните уреди. Но извештаите покажуваат поинаква слика. Навиките на корисниците е менуваат а рекламите се подобро таргетирани и подобро се мерат резултатите. Паметните ТВ уреди го преземаат пазарот, а маркетарите кои ќе успеат први да го искористат овој нов тренд ќе имаат најголема придобивка. Ја препознавме улогата која Adscanner ќе ја има во трансформацијата и возбудени сме да им погнеме на нивниот пат“, вели Јуре Микуж од SVC.


 

За SC Ventures

Со канцеларии во Белград, Загреб и Скопје, SC Ventures (SCV), преку Фондот за претпријатија и иновации (ENIF), се фокусира на технолошки компании во Западен Балкан.
Фондот од 40 милиони евра е посветен првенствено на инвестиции во рана фаза и раст. Овие инвестиции се наменети да го поттикнат проширувањето на меѓународниот бизнис и растот на најветувачките технолошки стартапи кои можат да го докажат својот потенцијал “да се стане голем”.

SCV има за цел да го поддржи стартап системот во регионот и да им помогне на основачите кои се осмелуваат да ги донесат своите бизниси на глобалните пазари. Меѓу претходните инвестиции на SCV се: Agrivi, Bulb, Sentinel, LittleDot, Cognism, Homible, Inplayer, Alchemy, Hunch Insights, TradeCore, Virtus Vita, City Expert, Work Puls, Content Insights и Cube Team.

1 коментар на “South Central Ventures инвестира 1,9 милиони евра во хрватската платформа AdScanner

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии