South Central Ventures фондот инвестира 400 000 долари во црногорскиот стартап Uhura Solutions

Црногорскиот англискиот стартап Uhura Solutions доби инвестиција вредна 400 000 долари од South Central Ventures. Uhura е уште еден стартап со канцеларии во регионот што работи на вештачка интелигенција, секако оваа технологија е се поинтересна за инвеститорите.

Вештачката интелигенција која ја разви стартапот чита и разбира договори и спогодби и им помага на луѓето во финансиските институции да го забрзаат носењето на одлуки. Дополнително технологијата има и можност за автоматизација. Со ова времето за носење некои одлуки од неколку часа се скратува на минути. Сервисот е исклучително корисен при обновување на договорите, процес за кој е потребно многу време и внимание.

Ова ќе им овозможи на компаниите да ги прераспределат ресурсите. Наместо најголем дел од времето да се фокусираат на обработка на документи, сега тимовите ќе можат да се префрлат на задачи за кој е потребно да ги погледне човек.

Uhura Solutions официјално е основана 2018 од Ѓуро Стојановиќ, Бојан Тесиќ, Блажо Црвеница и Младен Марковиќ. Иако компанијата е релативно млада тимот има искуство на работа со меѓународни компании, па и банки.

„Со години работевме во различни меѓународни корпорации, вклучувајќи и банките и постојано велевме дека начинот на кој се обработуваат документите е без врска – не само од гледна точка на клиентот, туку и од внатрешна гледна точка. Конечно решивме да направиме нешто во врска со ова“, вели ко-основачот и извршен директор на компанијата Ѓуро Стојановиќ.

Инвестицијата ќе биде искористена за понатамошен развој на технологијата, и за зголемување на своето присуство во финансискиот сектор.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии