Soundtrckr – геосоцијално интернет радио

На Soundtrckr можете да слушате преку 10.000 песни, да креирате и да споделувате персонални радио станици, да слушате музика со своите пријатели во реално време, да најдете музика блиску до вас или да зборувате со вашите пријатели преку вградениот чат. Оваа апликација можете да ја симнете и за iPhone, Windows Phone 7 и за Nokia. За жал, од Ovia прoдавницата на Нокиа велат дека во моментов страната е во изработка, така да оваа апликација за Nokia е привремено недостапна.

Soundtrckr можете да го симнете и како апликација за Google Chrome од Chrome Web Store. Ќе ви се отвори во дискретно нови прозорче од каде ќе доаѓаат звуците по ваш избор.

Слично како на Twitter, на Soundtrckr имате пријатели кои вие ги следите и оние кои ве следат вас. Во горниот дел на Soundtrckr имате место за пребарување каде можете да пребарувате според артист. Откако ќе впишете име, ќе почне да свири песна од артистот кој сте го одбрале, но потоа ќе продолжат слични песни, се додека вие не го исклучите. Во табчето my music стојат вашите пребарувања, односно песните кое сте ги слушале.

Soundtrckr е навистина симпатична апликација, која има многу голем музички избор. Дополнителна опција е што можете да ја купите песната што ја слушате во моментот, кликајќи на копчето Buy Song, кое ќе во одведе до iTunes.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии