Soundcloud сега има над 3 милиони корисници

Soundcloud е одлично место за споделување музика. Посебно корисно за оние кои се музички продуценти и кои сакаат да ги споделат своите дела и да бидат слушнати, а исто така и да добијат мислење.

Што го прави различен Soundcloud од другите сервиси за споделување музика? Ако прашате било кој Soundcloud корисник кој му е најомилен дел од сервисот, одговорот сигурно ќе биде брановата форма (waveform). И покрај тоа естетско задоволство, Soundcloud нуди многу едноставен начин на користење со минимален дизајн. На Soundcloud можете да бидете дека вашата музика ќе биде на прво место, поради скоро невозможниот начин да внесете било какви лични информации или преференци, освен во делот каде можете да ја пишете вашата биографија.

Soundcloud работи на принцип како Twitter, само што наместо да следите што имаат луѓето да кажат, ја следите музиката која ја качуваат на нивниот профил. Можете да си зачувате песни кои најмногу ви се допаѓаат како омилени, а исто така можете да креирате и листа. Soundcloud ви нуди 2 часа простор на профилот кој е бесплатен и кои можете да ги пополните со свој материјал, а најефтината сметка е 29 евра годишно, ако тоа не ви е доволно.

Soundcloud е место каде секогаш можете да откриете нова и интересна музика и да остварите контакти, па дури и да не сте продуцент кој ќе качува музика и ќе учествува во заедницата коментирајќи, сепак ќе најдете нешто за вас.

Пример како изгледа една песна на Soundcloud:

Tengri-Coming back home 2 (Anastasia) rough edit by tengri

Како што можете да забележите, нивните опции за споделување се одлични, кога една песна ќе ја вметнете (embed), се гледа целата бранова форма, коментарите под неа и има линк кој води назад до Soundcloud. Кога ќе кликнете на горното плеј копче, почнува да свири музиката со 128 kbps квалитет, за да ја чуете со поголем квалитет морате да се упатите на страницата каде продуцентот мора да има овозможено да ја симнете песната. Ова конвертирање на сите песни во 128 kbps e една од супер идеите на Soundcloud затоа што се заштедува на време во вчитувањето на песните.

Soundcloud е проценет на 3.2 милиони долари, а има 1.4 милиони посети секој ден. Во последните неколку месеци, бележи 32% пораст во однос на сообраќајот на страницата.

Многу македонски музички ентузијасти имаат свои профили на Soundcloud (како авторот на песната која ја вметнав, одличен амбиент ремикс на песната од Анастасија – Coming Back Home), и ако сте заинтересирани за соработка, Soundcloud е вистинското место да најдете одлични продуценти блиску до вас.

Тимот на Soundcloud е креативен и како што изгледа овој сервис за разлика од многу во минатото ќе го издржи тестот на времето.

2 коментари на “Soundcloud сега има над 3 милиони корисници

  1. Мене искрено ми се допаѓа повеќе од сите останати слични и го користам откако започна со работа.
    Групата ја знам,само малку членови има па затоа не ја вклучив во текстот, за да не дадам погрешна слика дека се можеби само толку. Изгледа не им текнува на македонците да пишат macedonia во search изгледа :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии