Soundcloud сега има 10 милиони корисници

Ауди платформата Soundcloud објави дека надминаа 10 милиони регистрирани корисници по само четири години од стартувањето во 2008-ма. Сервисот од Берлин кој служи за споделување на музика, имаше 5 милиони корисници пред само осум месеци, во јуни 2011-та година.

На DLD конференцијата, ко-основачот Александер Љунг вели дека мобилните апликации и екосистемот на програмери се главниот двигател на растот на компанијата. Мобилните апликации се симнати неверојатни 5 милиони пати, додека програмерите направија околу 10.000 апликации кои се достапни за платформата.

За да го прослави достигнувањето, Soundcloud го стартува сервисот Storry Wheel кој прикажува визуелни презентации заедно со музика.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии