SoundCloud претстави нов HTML5 виџет

Мартин Јовчески

во Веб

SoundCloud, платформата за споделување аудио, минатата недела лансираше своја верзија за iPad, а од сега исто така ќе има и HTML5 виџет кој ќе овозможи пристап до секое SoundCloud од било кој уред. Досегашниот виџет беше направен во Flash, па оттука не можеше да се користи на iPad и на iPhone.

Новиот HTML5 виџет е цолосно редизајниран, овозможувајќи поголема интерактивност со аудиото, подобра прегледност на информациите за аудиото, полесно споделување на друштвени мрежи, а и коментарите се полесни за употреба и за читање. Исто така сега е далеку постабилен, и користи помалку моморија и помала потрошувачка на енергија. Новиот виџет е се’ уште во бета, меѓутоа поради отворената природа, се очекува во наредните верзии да се надградува многу побрзо.

Новиот виџет моментално функционира само за веб сајтови и блогови, и доколку сакате да интегрирате аудио со новиот HTML5 виџет, тоа можете да го сторите со кликање на копчето Share, потоа Customize player, од јазичињата одберете HTML5, наместете го плеерот како сакате да изгледа и ископирајте го кодот на вашиот веб сајт или блог. Еве пример:

1 коментар на “SoundCloud претстави нов HTML5 виџет

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии