Спонзориран текст

Sopro ќе биде домаќин на Sopro AI Hackathon – награден фонд од 6000 €

Спонзорирано од SoPro

во Вести, ИТ.МК, Спонзорирани

Почетокот на Септември, во Скопје ни претстои интересен настан. Sopro ќе биде домаќин на Sopro AI Hackathon.

ШТО е Sopro AI Hackathon?

Sopro е дигитална маркетинг агенција, која иако се класифицира во маркетинг секторот, подржана е од иновативен софтвер и IT тим од суштинско значење кој работи со најнови технологии и ги следи последните трендови во интернет општеството.

Sopro AI Hackathon е 24-часовен предизвик за иновативни луѓе кои гледаат предизвик во изнаоѓање на креативни решенија преку програмирање.

Хакатонот е на тема Artificial Intelligence (AI) и нуди 3 под-теми, поточно: Smart office, NLP(natural language processing) и Digital asset management, која учесниците ќе можат да ја одберат по сопствен избор.

КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ?

На настанот може да се пријават сите што сакаат да придонесат со идеи и решенија, сите што наоѓаат предизвик во решавање софтверски проблематики. Потребно е секој тим да биде составен од членови кои имаат искуство во развој на софтвер (веб, мобилни апликации и слично). Тимовите треба да имаат од 3 до 5 членови.

КОГА И КАДЕ СЕ СЛУЧУВА?

Хакатонот ќе се одржува во новите канцеларии на Sopro на плоштад Македонија во центарот на Скопје. Ќе започне на 4-ти септември и ќе трае 24 часа, до 5-ти септември.

Пријавувањето на учесниците ќе трае до 20-ти август 23:59 часот. Тие ќе имаат можност да се запознаат со деталите и темите подетално на 4-ти септември при самиот почеток на настанот. Ветуваме нема да има големи изненадувања.

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?

Направете тим од 3 до 5 членови и пријавете го на sopro.io/hackathon во делот за регистрација. Потребно е да внесете лични податоци како име и email, искуство, преференци за работа со одредени технологии и Github username за секој член од тимот. По затворање на регистрацијата, ќе бидете исконтактирани доколку сте влегле во потесен круг за учество на Sopro AI Hackathon.

ЗОШТО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?

  • Покажете ги вашите вештини
  • Научете повеќе и споделете идеи
  • Предизвикајте се
  • Направете нови контакти
  • Добијте кул подароци
  • Вашата решение може подоцна да се реализира
  • Награди за победниците

НАГРАДЕН ФОНД

  • 1 МЕСТО – 3.000 €
  • 2 МЕСТО – 2.000 €
  • 3 МЕСТО – 1.000 €

Ве очекуваме на sopro.io/hackathon.

JOIN. CODE. WIN


Напомена: Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на SoPro. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии