Сопрете го шпионирањето во Windows 10 со DoNotSpy10

Корисниците на Windows 10 имаат мали шанси за почитување на приватноста затоа што оперативниот систем од петни жили се труди да ги разоткрие вашите навики, делувања и контакти преку услуги кои се замаскирани како опции за дијагностицирање. Поради сево ова, најдоброто што можете е да ja заштитите вашата приватност со некој од нашите совети или преку алатката O&O ShutUp 10.

Во случај да барате посодржителна алатка која ја подржува надградбата Anniversary и воведува бројни подобрување на приватноста, проверете ги можностите на DoNotSpy10

DoNotSpy10 е бесплатна алатка која се промовира како првата анти-шпионска алатка за Windows 10. Ненаметливиот интерфејс уредно ви дозволува да ги исклучите бројните Windows 10 сервиси кои, во никој случај, не се критични за вашите потреби, а трошат ресурси за активности кои, според многумина, се насочуваат кон загрозување на приватноста.

Најновата верзија ви дозволува да деактивирате Bluetooth рекламирање, совети преку екранот за заклучување, како и поднесување извештаи до Windows Defender, а забележителни се и бројни надградби во поглед на останатите можности за деактивирање, како следење преку прелистувачот Edge, пребарувачки предлози и страни, како и деактивирање на Adobe Flash Player.

При преземањето и инсталирањето на DoNotSpy10 внимавајте да не дозволите и непотребен, дополнителен софтвер кој се провлекува не затоа што е навистина корисен туку затоа што авторите го рекламираат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии