Sony S1 и S2 таблет компјутерите ќе се појават на есен

Очигледно е дека таблет компјутерите на Sony ќе бидат ориентирани кон мултимедијата, ќе има можност да пренесуваат видео и музика на тв преку DLNA безжичен стандард за стримање, и секако ќе бидат приспособени за гејминг, посебно S2 чиј горен екран ќе ја прикажува играта, а долниот контролите за неа. Таблет компјутерите ќе имаат интеграција со PlayStation мрежата.

Sony вели дека S1 и S2 ќе имаат и Wi-Fi, 3G и 4G компатибилност, и ќе го користат новиот Nvidia Tegra 2 процесор. Интересно Sony исто така потенцираше дека таблет компјутерите нема да бидат замена за лаптопите и ќе „продолжиме да работиме на VAIO брендот“.

Сепак овие два модели се само најава на Sony, дури и самиот дизајн e „предмет на промена“ и може да се смени до започнување со производство на уредите. Ова е вид на шоу да се презентира дека и Sony може да биде сериозен играч во таблет пазарот кој моментално е доминиран од Apple iPad. Sony се вклучува во бројот на куп произведувачи кои најавија таблет компјутери што ќе работат на Android Honeycomb.

3 коментари на “Sony S1 и S2 таблет компјутерите ќе се појават на есен

  1. Епа ако го имаше изворот макар бил тој PR на Sony, немаше да мрсам :), во секој случај благодарам за изворот кој може да си го најде своето место во горенаведениот текст, не за друго за future reference and no hate talk included :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии