Sony работи на следната конзола

Дејан Соколоски

во гејминг, Хардвер

Image courtesy of Sony

Sony полека се подготвува за наследникот на својата исклучително популарна конзола, PlayStation4. Засега компанијата не излегла со официјална потврда дека следната конзола ќе доаѓа со името PlayStation5.

„Во моментов е неопходно да имате следна генерација на хардвер“, вели Кенчиро Јошида, за Financial Times.

Сегашната верзија на конзолата PlayStaion 4 е продадена во над 80 милиони копии. Можеби затоа е и очекувано што Sony би сакал да ја задржи оваа верзија на конзолата уште време. Сегашната верзија на конзолата излезе 2013 година и е мало изненадување што поминавме толку долг период без нова конзола.

Можеби една од причините за ова е што Sony се обидува да пронајде начин во кој на својата платформа ќе интегрира е-спорт. Не дека Microsoft е спектакуларен, но Sony досега речиси да го игнорира овој сегмент.

Сепак тоа што ќе го одбележи излегувањето на новата конзола е поголемата конкуренција од телефоните како платформа за игри. За еден дел од играчите, кои се сметаат за хардкор гејмери, мобилните секако не се платформа за гејминг. Сепак за „кежуал“ гејмерите кои играат помалку, и од разонода, телефоните сѐ почесто ќе бидат единствена платформа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии