Sony со продадени 1 милион сетови за виртуелна реалност

Јапонскиот гигант Sony не баш полека, но сигурно, го презема пазарот на уреди за виртуелна реалност. Компанијата досега продаде 1 милион уреди, а цената на сетот е 400 долари.

„Верувам дека виртуелната реалност е најдобрата иновација од раѓањето на телевизијата. Виртуелната реалност ни овозможува да патуваме на различни локации кои се светско наследство без да го напуштиме домот“, вели Атсуши Морита од Sony.

Во првите три месеци на 2017 година продадени се околу 2.3 милиони уреди, пренесува Uploadvr.  Најголем дел на уредите отпаѓа на Samsung и Sony кои заедно продаваат речиси 40% од сетовите за виртуелна реалност. Samsung продаде 485.500 уреди или 21,5%, а Sony 429.000 или 18.8%. Следи HTC Vive со 190.000 продадени уреди и Oculus Rift на Facebook со 99.000 продадени уреди.

Со овие бројки HTC Vive има продадено вкупно 600.000 уреди со што е на прво место кај корисниците на PC. Заработката од уредите е импресивна со оглед на тоа дека Vive во најголм период чинеше 800 долари, околу 2 пати повеќе од PlayStation VR и 8 пати повеќе од Samsung Gear VR.

Бројките покажуваат четири пати поголем интерес за уредите во споредба со истиот период минатата година. Проценките се дека до 2021 година интересот и продадените уреди ќе се зголемат дури 10 пати.

Секако во овој и во периодот кој следи клучно за интересот за виртуелната и проширената реалност се содржините. За виртуелната реалност, ова во моментов се исклучиво видеоигри. Facebook се обидува да креира апликации кои ќе овозможат повеќе, и ова ќе биде интересен развој на настаните. На пазарот за проширена реалност влегува и Apple што може дополнително да ја раздвижи сцената.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии