Sony најави нова конзола

Дејан Соколоски

во Вести

Image courtesy of Sony

Ако го прочитавте насловот и се израдувавте на новиот PlayStation 5 ќе мора веднаш да ве разочараме. Станува збор за „Classic“ конзола копија на PlayStation 1.

Ретро PlayStation 1 не би бил вистинска копија ако не доаѓа со најдобрите игри. За среќа ова е случај и конзолата доаѓа со најдобрите издадени игри. Final Fantasy VII, Jumping Flash, Ridge Racer Type 4, Tekken 3 и Wild Arms се дел од игрите кои ќе бидат веднаш достапни. Заедно со конзолата ќе доаѓаат 20 игри, но Sony ќе ги објавува етапно, а ова се првите 5 објавени.

Инаку Classic конзолата ќе биде мини копија на PlayStation 1. Секако игрите нема да доаѓаат на дискови, но копчињата ќе се користат за „отворање“ и промена на виртуелниот диск.

PlayStation Classic доаѓа со 2 контролери и ќе биде достапна на 3 декември, за 99 евра.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии