Sony хакнат и по петти пат, украдени милион лозинки од Sonypictures

Ова е петта ситуација со пробивање на системите на Sony и крадење на кориснички податоци во последните два месеци. Пред месец дена беше изгасена PlayStation мрежата откако се откри дека се злупотребени лични податоци на 77 милиони корисници.

Sony само што ја стартуваше повторно PlayStation мрежата, и тоа по неколку обиди, за по само 24 часа од стартувањето да се соочи со пробивање на SonyPicutres.com од страна на Lulz Security кои велат дека украле имејлови, адреси, датум на раѓање и други подацоти врзани со Sony профили од 1.000.000 корисници.

SonyPictures.com е пробиен со едноставeн SQL Injection напад, „еден од најпримитивните и вообичаени ранливости“, како што велат хакерите познати по претходни пробивањата на сајтот на американската PBS телефизија, Fox.com и јапонскиот сајт на Sony.

„Со едноставна инјекција добивме пристап до СЕ. Зошто да верувате на таквва компанија која дозволува да биде отворена со овие едноставни напади.“, се вели во постот од хакерите. „Уште полошо, податоците кои ги земавме не беа енкриптирани. Sony чуваше 1.000.000 лозинки во едноставен текст, што значи требаше само да се земат. Ова е срамота и небезбедно: и тие си го бараа тоа.“

1 коментар на “Sony хакнат и по петти пат, украдени милион лозинки од Sonypictures

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии