Sony гo расклопи PlayStation 4 за да покаже што се крие внатре во новата конзола

Една недела пред излегувањето на Sony PlayStation 4 компанијата сподели видео во кое инженерот Јашухиро Отори целосно ја расклопи новата конзола. Расклопувањето траеше четири часа и за ова време г. Отори расклопи се што не беше залемено на конзолата.

PlayStation 4 доаѓа со х86 процесор кој може да се најде во најголел дел од персоналните комјутери, но Sony изработи специјална гејминг верзија на матичната плоча за конзолата. Таа ќе доаѓа со интегриран CPU/GPU процесор, а графичкиот покрај презентацијата на графиката ќе ги прави и пресметките. Конзолата доаѓа со 8GB DDR сo 176 Gbps проток, а покрај импресивниот хардвер со кој со Sony се надева дека ќе достигне до PC-гејминг искуството, конзолата доаѓа и со повеќе апликации како Netflix или Hulu кои ќе овозможуваат гледање на програмите за корисниците кои се претплатници на телевизиите.

PlayStation 4 излегува на 15 ноември во Северна Америка, а во Европа ќе пристигне 4 дена подоцна. Ќе има два модели од 430 и 530 долари, а голем дел од продавниците веќе објавија дека првата пратка е распродадена.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии