Sony го претстави новиот Xperia Pro телефон

Дејан Соколоски

во Мобилни

Sony го претстави својот најнов паметен телефон, Xperia Pro. Станува збор за 5G уред коj е еден од ретките телефони кои доаѓа со HDMI влез.

Телефонот несомнено е наменет за публика која е фокусирана на фотографија или видео содржина, која може да го користи телефонот како дополнителен екран. Она што не е сосем очекувано, е дека телефонот на Sony со цената од 2500 долари ќе направи и најскапите телефони да изгледаат дека се со разумна цена.

Новата Xperia Pro сепак не е само скап додаток за камера. Телефонот може да снима 4К видео со 60fps, може да забави видео на 120fps. Камерата на телефонот е тројна, 16mm ултра широка, 24 mm широка и 70 mm телефото леќа. Сите камери се 12 МР.

Веројатно очекувате солиден хардвер, и за среќа во право сте. Екранот е 6,5-инчен 4К HDR OLED со 3840 x 1644 резолуција. Xperia Pro е целосно заштитен од прашина, и е водоотпорен до длабочина од 1,5 метри во време од 30 минути. Екранот е заштитен со Gorilla Glass 6.0.

Остатокот од хардверот е нешто што би очекувале на телефон кој чини 2500 долари. Процесорот е Snapdragon 865; 12GB RAM; диск 512GB. Телефонот поддржува microSD картички  до 1ТB.Капацитетот на батеријата е 4000mAh. Оперативниот систем е прилагоден Android 10.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии