Sony го претстави најтенкиот и водоотпорниот Xperia Tablet Z

Sony на Mobile World Congress во Барселона го претстави 6,9 милиметри тенкиот таблет компјутер – Xperia Tablet Z. Овој уред не само што е најтенок на пазарот, туку е и еден од ретките уреди кои се водоотпорни. Уредот може да стои и до 30 минути под вода без да се оштети.

Teнкиот Xperia Tablet Z, кој тежи само 495 грама, е дизајниран според Xperia Z паметниот телефон. Има четири-јадрен процесор 1,5 GHz Snapdragon S4 Pro, 2 GB RAM, екран со резолуција од 1920×1200 кој, според Sony, прикажува 20 отсто повеќе бои од iPad, и работи на Android 4.1 Jelly Bean, кој ќе биде надграден на 4.2 откако ќе биде стартуван. Има 8 мегапиксели задна камера и 2 мегапиксели предна камера и простор од 16 и 32 гигабајти, со можност да се надогради на 64 GB.

Најевтиниот модел со 16 GB простор и поддршка за WiFi ќе чини 500 долари. Sony нема конкретен датум која ќе биде достапен, освен дека таблетот ќе се појави во продавниците на пролет.

1 коментар на “Sony го претстави најтенкиот и водоотпорниот Xperia Tablet Z

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии