Sony го најавија новиот DualSense контролер

Sony го најавија новиот DualSense контролер, кој ќе биде пуштен во продажба заедно со новата конзола на Sony. Ова е наследникот на одличниот DualShock 4, и доаѓа со неколку подобрувања и малку променет дизајн.

За почеток, дизајнот е релативно сличен со претходникот. Повторно го гледаме симетричниот распоред на елементите, нешто што е всушност една од најголемите критики кај контролерите на Sony. DualSense го задржува панелот кој е осетлив на допир, но овој пат позицијата на осветлувањето е променета. Истото сега е од левата и десната страна на панелот, наместо горе. Она што е неизвесно е дали Sony го поправија проблемот со батеријата – доколку сте користеле DualShock 4 контролер, познато е дека осветлувањето троши многу батерија.

PS5 Controller: The PlayStation 5 DualSense Brings Big Design ...
Извор: Gamespot.com

Покрај ова, на местото на micro USB портот кој беше стандарден кај DualShock 4, сега гледаме USB-C порт, што е и за очекување. Истиот се користи за полнење, бидејќи за разлика од Xbox контролерите, овде нема AA батерии.

Уште една работа која е променета е недостатокот на Share копчето. На негово место има копче кое Sony го нарекува Create копче, и со него најавуваат нови начини да го споделите вашиот гејмплеј со светот. По ова, може да се заклучи дека истото веројатно ќе биде кратенка за снимање на гејмплеј или ќе има некоја слична функционалност.

Она што е интересно е дека со DualSense контролерот, повеќе нема да ги има карактеристичните rumble вибрации по кои беа препознатливи претходниците. Наместо тоа, има нов систем кој е интегриран и со тригер копчињата, што би требало да овозможи уште поинтересно искуство. Секако, засега е непознато колку ова ќе се искористи, а истото зависи и од тоа колку развивачите на игри ќе го употребат.

И за крај, контролерот ќе доаѓа со вграден микрофон, што значи дека доколку не ви е потребен исклучително чист звук, нема да имате потреба од дополнителни слушалки со микрофон за комуникација. Квалитетот на истиот нема да е на ниво на дедициран микрофон, но сепак е убаво што Sony го вклучиле истиот.

Единствените информации кои се достапни засега е дека контролерот, заедно со новата конзола на Sony, ќе биде пуштен во продажба во текот на празничниот период на крајот на годината. Сеуште е непознато дали ова ќе остане, поради потенцијалот за непредвидени пречки во производството поради коронавирусот COVID-19. Исто така, непозната е и цената на конзолата, но се очекува да биде малку повисока од онаа на PlayStation 4 во моментот кога истиот излезе.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии