Sony го купи Gaikai за да понуди гејминг преку облакот

Sony ја купи гејминг платформата Gaiкai за околу 380 милиони долари. Со ова јапонскиот гигант ќе ја добијат инфраструктурата на Gaikai заедно со технологијата која овозможува „стрим“ на игрите. Интересот на Sony за „Games on Demand“ услуги не е нов, „шпекулации“ за аквизиција се појавија уште во мај.

Sony нема објаснето како ќе ја користи новата платформа, но секако ќе може да додаде уште една функција на PlayStation мрежата. За Gaiкai барем до сега нема специјална потреба од хардвер, но како кај сите сервис во облакот интернет брзината е пресудна. Претпоставките водат кон тоа дека Sony ќе го користи „облакот“ со PlayStation 4, иако со оваа аквизиција може да им овозможи на сопствениците на постарите конзоли да играат некои понови наслови.

Најлесен начин за објаснување како функционира Gaikai и слични сервиси, е да се споредат со VOD (Video on Demand). Играта се наоѓа на сервер и се стрима директно на компјутерите кои пристапуваат до сервисот. Бидејќи речиси сите пресметки се прават од серверот, моќта на компјутерот на играчот не е многу важна. Но, бидејќи и командите кои ги даваат играчите се праќаат кон серверот, латенцијата (брзината на интернет) игра голема улога во квалитетот на услугата.

Останува да видиме како предземањето на Gaikai од страна на Sony ќе влијае врз соработката на Gaiкai и Samsung. Соработката на двете компании треба да им ги донесе  PlayStation и Xbox игрите, на сопствениците на „паметни телевизори“.

Подолу е демо на Gaikai во кое се објаснува како технологијата во облакот може да стрима високо квалитетна игра како HAWKEN преку ноутбук.
[youtube]K2i01vGsbOk[/youtube]

1 коментар на “Sony го купи Gaikai за да понуди гејминг преку облакот

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии