Sony ги претстави новите контролери за виртуелна реалност

Дејан Соколоски

во Вести

Image courtesy of Sony

Sony ги претстави новите контролери за сетот за виртуелна реалност. Ова не е никакво изненадување, и компанијата го најави уште со претставувањето на новиот сет за виртуелна реалност. Единствено големо изненадување е колку брзо Sony ни го претстави контролерот за PlayStation VR 2.

Со најавата можеме да го видиме и ергономскиот дизајн на контролерите. Во процесот на дизајнирање Sony тестирал различни големини на раце, а компанијата верува дека новиот дизајн ќе промени како се играат VR игрите.

Контролерот овојпат е составен од два дела (палки) секој речиси „идеална половина“ на DualSense. Левата „рачка“ доаѓа со аналоген стик, триаголникот и квадратот, и L1, L2 и „креирај“ копчиња. На десната страна се аналоген стик, крст, крукче, R1, R2 и опции копчињата.

Што се однесува до техничките решенија кои се користат, веќе ги видовме во DualSense контролерот, и секако дека очекувавме дека ќе ги видиме и кај овој контролер.

Што е ново

Прилагодливи копчиња (Adaptive triggers)

На секој од двата дела има едно адаптивно тригер копче кое има различен отпор кога се притиска. Сопствениците на PlayStation 5 ќе ја препознаат оваа технологија од DualSense контролерот и L2 и R2 копчињата.

Хептик повратна врска (Haptic feedback)

Секое движење ќе има различен начин за различно чувство од играта. Со помош на ова играчот ќе може да го почувствува светот од играта.

Сензор за допир

Контролерот може да детектира кога палецот, показалецот или другите прсти допираат некој дел што треба да овозможи поприродни движења при играњето.

Следење

Благодарение на сензорите во кружните делови на долниот крај, сетот за виртуелна реалност може да ги следи контролерите и нивната положба.

Веројатно најважното прашање за популарноста на виртуелна реалност е цената. Претходната верзија чинеше над 400 долари. Дали ова ќе биде доволно ниска цена за поголем интерес за новиот сет е тешко да се процени. За повеќе релевантни податоци ќе почекаме следна најава од Sony.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии