Solid е платформа за подобар и побезбеден интернет од Тим Бернерс-Ли

Дејан Соколоски

во feature, Вести

Solid е платформа изработена од Тим Бернерс-Ли и помал тим на MIT над постоечката интернет мрежа.

Целта на Solid е да ја врати контролата над интернет како што беше оригинално замислена во рацете на корисниците. Она што ќе го овозможи Solid е контрола врз податоците на сeкој корисник.

„Solid е платформа изградена врз постоeчката мрежа. На корисникот му дава избор за тоа каде се чуваат податоците, кои луѓе ии групи имаат пристап до податоците и кои апликации ги користиме. Ви овозможува вас, на вашето семејство и колегите да споделувате податоци со било кој. Им овозможува на луѓето истовремено да ги гледаат истите податоци со различни апликации“, вели г. Бернерс-Ли во блог на Medium.

Во 2009 г. Бернерс-Ли кажа дека „Интернетот како што го замислил на почетокот сé уште не постои“. Solid оди во оваа насока треба да овозможи повеќе и подобри можности за корисниците преку споделување на податоци. Solid ќе овозможи апликациите од платформата да обработуваат податоци и со тоа да и самите но и мрежата да бидат покорисни.

„Може ли да замислите сите постоечки апликации да комуницираат меѓусебе, да соработуваат и да креираат начин да го збогатат вашиот живот и бизнис цели? Ова е иновацијата, интелигенцијата и креативноста која ќе ја генерираат Solid апликациите“.