Solaboratе, друштвената мрежа за професионалци направена во Скопје и Приштина, стартува алатки за аналитика

Solaborate, друштвена мрежа за професионалци, нарачана од американец, а изработена од тим од македонски програмери, сега стартува нови алатки за аналитика – Insights и Dashboard – со кои ќе можат компаниите и професионалците во реално време да го мерат ефектот на својата активност на мрежата. Ова е една од поголемите новини во мрежата која во октомври стартуваше во јавна бета, откако беше изработена целосно од тим во Скопје од 18 програмери и дизајнери, со помош од тим во Приштина, а поддржана со инвестиција од еден милион долари од Лос Анѓелес.

Со алатките за аналитика на Solaborate, налик на Facebook, ќе може да се мерат прегледите на најразличната споделена содржина, од документи, демоа на продукти, видеа и блог постови. Aктивностите се сумирани во анонимна статистика на лајкови, споделување, демографии и трендови во реално време. Ќе има и систем за мерење на професионалното и социјалното влијание.

“Ние разбираме дека е многу тешко да ја подобрите и измерите важата активност, и поради овие причини им обезбедивме на нашите корисници увиди за да им помогнеме да ја измерат активноста на нивните лични профили, како и профилите на нивните компании, призводи и услуги во реално време“, вели Лабинот Битиќи, основач и директор на Solaborate.

6 коментари на “Solaboratе, друштвената мрежа за професионалци направена во Скопје и Приштина, стартува алатки за аналитика

  1. Jas rabotev vo Solaborate do pred eden mesec, skoro cel proizvod e napraven vo Skopje, vo Kosovo se naogja samo marketing timot, no ne i programeri i dizajneri.
    Prodolzhete taka, pozdrav od Veles

  2. Decki informaciite koi gi plasirate se netocni. Solaborate proizvod na Kosovskiot tim a na makedonskiot. Labinot e od Kosovo koj trenutno se naoga vo LA. Makedonskite programeri se del od Solaborate, no ne e nas proizvod

  3. Браво Дечки , само напред
    Се гордеам на нашава младина кога ќе прочитам вакви статии .
    Светско а наше :)

  4. "тим во Скопје од 18 програмери и дизајнери" :)))
    колку сега брои тимот од програмери и дизајнери на Solaborate во Скопје???

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии