Solaborate, направен од македонски професионалци за професионалци, стартува во Public Beta

Друштвената мрежа за професионалци Solaborate, која е изработена во Скопје, ја лансира својата јавна бета верзија на која се поканети сите професионалци да ја тестираат мрежата и нејзините алатки за соработка во реално време. Solaborate вели дека во рамките на бетата ќе се вклучат и познатите ИТ компании како Apple, Google, Microsoft, Facebook, IBM и други, на чии профили корисниците ќе можат да споделуваат содржини, да ги следат и испраќаат мултимедијални пораки.

Стартапот кој е потпомогнат од инвестиција од еден милион долари кои ги доби во мај за да го усоврши својата платформа, во последните пет месеци пред бетата работеше на аудио и видео комуникација, размена на фајлови и споделување на екранот содругите соработници, како и на интеграција со другите друштвени мрежи како Facebook и Twitter.

„Не постои друштвена мрежа моментално на пазарот која е целосно сконцентрирана и таргетирана кон професионалците, компаниите, производите и услугите од сферата на технологиите. Постојат многу мрежи кои таргетираат niche пазари меѓутоа не со таргет како нашиот.“, вели Елена Трајковска, задолжена за маркетинг во Solaborate, во неодамнешно интервју за IT.com.mk. „Solaborate е фокусирана не само на социјалниот аспект, туку и на аспектот за соработка, колаборација помеѓу нејзините корисници. Професионалците од сферата на технологиите, нивните компании и производи и услуги имаат можност да се презентираат себеси на начин кој директно ќе им овозможи да допрат до онаа публика која ја посакуваат“.

Заедно со бетатa, Solaborate објави и мобилна апликација за Android уреди. Преку мобилната апликација со „user-friendly“ интерфејс корисниците можат да пристапат до личните профили, како и до профилите на своите компании, производи и услуги; да испраќаат и примаат пораки, споделуваат содржини на ѕидот, поставуваат прашања, коментираат, откриваат нови корисници, компании и многу повеќе.

„Нашата мисија е да овозможиме поврзување меѓу професионалците од сферата на технологиите и да им обезбедиме посветено место за себеси, својата компанија, производи и услуги со тоа што ги нудиме сите алатки и услуги кои ќе ги направат по продуктивни. Ја разбираме потребата на професионалците да бидат секогаш конектирани и ангажирани, било да се во своите канцеларии или пак во движење,” вели Лабинот Битучи, oсновачот на Solaborate.

[youtube]YkybNmfmpYY[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии