Сокријте си го правиот имејл со Hotmail алијаси

Hotmail веќе дозволува да се додаде знакот + и дополнителен термин како дел од имејл адреса. Пример, наместо doctor-smith@live.com може да креирате doctor-smith+shopping@live.com адреса за сајтови за купување, со што пораките на овој алијас ќе бидат добиени во соодветен фолдер. (оваа опција е достапна и за Gmail)

Но, и со + е лесно да се открие адресата, вели Microsoft на својот блог претставувајќи ги имејл алијасите со кои може да се креира комплетно различна имејл адреса преку која може да добивате пораки на примарниот имејл, без никој да ја дознае примарната адреса.

„Да кажеме дека купувате нова кола. Има куп сајтови кои ќе ви пратат имејл со цената и други детали. Додека пребарувате за кола, овие детали се добредојдени, но кога ќе завршите, тие стануваат проблем кој е тежок да се сопре. Со користење на алијас може да го избегнете ова. Кога ќе завршите, само изгасете го алијасот и нема да добивате несакани пораки.“

Hotmail корисниците ќе можат да искористат 5 алијаси во текот на една година, а ќе може да чувате 15 алијаси на вашиот Hotmail профил.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии