Софтверска надградба ја наруши работата на полициските монитори во Холандија

Пропуст во софтверската надградба ja наруши работата на полициските алки за следење. Алките кои се користат за следење на лицата кои се во домашен притвор или ослободени со кауција по надградбата прекинаа да испраќаат сигнали.

Со софтверската надградба се прекина комуникација помеѓу алките и системот. Стотици лица кои на овој начин се следат во Холандија наеднаш беа на слобода.

„Како резултат на софтверска надградба, дојде до прекин во податочниот сообраќај помеѓу електронските алки за следење. Системот сега повторно е функционален и може да ги следиме сите кои носат алки. Напорно работиме за да го вратиме системот да биде 100% стабилен“, велат холандските власти.

Надградбата на софтверот е направена утрото на 9 мај, а како последица на ова министерството за правда изгуби можност да ја следи локацијата на непознат број на овие алки. Во август 2018 година бројот на вакви алки кои се следеле секојдневно бил 700, а како последица на прекин во мобилната мрежа тогаш бил изгубен сигнал од 450 алки, вели ZDNet.

За да не ги загуби лицата кои се во домашен притвор и лицата ослободени со кауција полицијата како мерка на претпазливост ги приведе сите.

Од 10 мај системот е повторно оперативен и работите полека се враќаат во контрола.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии