Софтверска грешка прерано ослободи 3.200 затвореници во Вашингтон

Дедо Мраз оваа година порано им ја исполни новогодишната желба на околу 3.200 затвореници во сојузната држава Вашингтон. Поради грешка за пресметка за намалување на казната за „добро поведение“, софтверот предизвика прерано кратење на казната за дел од затворениците, јави BBC.

Пропустот не е нов и трае од 2002 година, а американскиот оддел за затвори од Вашингтон потврди дека знаат за пропустот уште од 2012 година, но немале претстава колкав е проблемот. Во просек затворениците излегувале порано 49 дена, што не е прeмногу, но на некои од нив казната им е скратена и за две години.

Властите велат дека работат на поправка на софтверот, односно корекција на формулата со која се пресметува скратувањето на казната. Дополнително предвремено пуштените затвореници ќе мора да се вратат да ја дослужат казната, а оние кои нема ова самите да го направат, веќе ги бара полицијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии