Софтверот е причина за сообраќајната незгода на Uber

Пропуст во софтверот е причината за фаталната сообраќајна незгода во Аризона во која возило на Uber усмрти велосипедист. Сензорите на возилото ја забележале Елејн Херцог кога излегла пред возилото, но софтверот не реагирал, пренесе Information.

Сè уште не е во целост разјаснето зошто возилото не реагирало на препреката, сепак изворот на Information вели дека нагодувањето на софтверот е проблем. За да нема постојано застанување и за Uber да не биде опасност на патот, чувствителноста на софтверот е намалена. Ова е потребно за возилото да не се пренасочува или запира ако на улицата прелета хартија или кеса. Најверојатно софтверот на возилото на вечерта на сообраќајната незгода бил нагоден да не забележува и реагира на значително поголеми објекти. Поради ова, иако сензорите ја забележале жртвата, возилото продолжило без да ја промени брзината или насоката.

Сообраќајната незгода се случи на средината на март. Автономно возило на Uber во текот на тестовите, удри и усмрти пешак. Возилото беше во автономен режим кога ја удри 49-годишна жена во Темпи, Аризона. Жртвата, Елејн Херцог, минуваше улица, надвор од пешачки премин. На почетокот се теоретизираше дека одненадеж се појавила пред возилото, па сензорите не ја забележале. Сега дознаваме дека сензорите биле во ред и ја забележале жртвата, а за жал возачот на возилото тогаш не ја проценил ситуацијата и не ја преземал контролата врз автомобилот.

Главна причина поради која е намалена реакцијата на софтверот е удобноста при возењето. Ако софтверот е нагоден премногу ригорозно, возилото постојано ќе забавува и запира, возењето ќе биде неудобно и побавно. Компанијата сака нивните клиенти да се чувствуваат поудобно, па секако треба да се обидат да пронајдат соодветно нагодување на софтверот. Ако податоците се точни, се чини дека компанијата ја одбрала удобноста наместо безбедноста, што баш и не е добар избор.

Најголемиот проблем во случајот е што Uber е преамбициозен, но нивното возило сè уште не е доволно напредно. Намалените реакции на софтверот овозможуваат поудобно возење, но за жал технологијата на Uber е далеку од ова. Конечно, проблемот со погрешно детектирање на објекти ќе биде надминат кога технологијата ќе напредне, но барем засега тоа не е случај, а безбедноста би требало да биде приоритет.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии