Софтвер за синтеза на македонски говор ќе им помага на слепите лица

Околу 2.500 слепи лица во Македонија, од кои 70 кои активно користат комјутер, сега ќе можат полесно да се снаоѓаат со електронските содржини благодарение на софтверот за синтеза на говор на македонскиот јазик. Софтверот за синтеза на говор – претставен од Министерството за информатичко општество и Министерството за труд и социјална политика, а креиран од Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство – има за цел да ги „отклучи вратите“ за слепите лица кон поквалитетен дигитален живот.

Првата верзија на софтверот е комплетно функционална, но ќе треба да се продолжи со работата во подобрување на говорот зависно од потребите на слепите лица. Софтверот (и сите негови верзии) ќе биде достапен наскоро преку сајтот на МИОА, и ќе им биде даден на Сојузот на слепи на Македонија.

„Програмата за е-вклучување, односно е-инклузија, означува олеснување на пристапот на информациско – комуникациските технологии до ранливите групи во општеството и има исклучителна важност за мисијата на Министерството за информатичко општество и администрација за креирање и доближување на информатичкото општество за сите граѓани на Република Македонија.“, вели ИТ министерот Иво Ивановски./blockquote>

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии