SoftPerfect File Access Monitor ви дава увид во непотребни активности на вашиот компјутер

SoftPerfect File Access Monitor е алатка која ви е потребна доколку сакате да дознаете што се случува со вашиот компјутер, поточно дали се користи за извршување непотребни и неодобрени операции, па дури и дали е изложен на ransomware инфекции. Имено, SoftPerfect File Access Monitor ги надгледува сите системски активности со вашите податоци, како создавање и бришење фајлови, но и нивно читање и запишување. Како резултат, програмот ви доставува целосен и, пред сè, детален извештај за активности во оперативниот систем за кои не би можеле да имате увид по нормален пат. На пример, дали сте создале, копирале или избришале одредени податоци додека сте гледале филм.

Oние кои постојано извршуваат најразлични активности со компјутерот ќе добијат значително подолг извештај од бројни настани, но лесно можете да извршите соодветно филтрирање за полесно да ги лоцирате бараните информации. Сервираните извештаи се лесни за лаичко толкување, а како дополнително олеснување, сајтот располага и со соодветен водич кои ќе ви помогне при почетната асимилација со алатката.

Најинтересното нешто кај SoftPerfect File Access Monitor е тоа што алатката чинеше неверојатни 150 долари, но сега се испорачува како целосно бесплатен продукт. Имајте предвид дека ова е само алатка за давање увид, таа не препознава ниту пак спречува сомнителни активности; таквото нешто се остава на вас. Откако ќе успеете правилно да ги протолкувате информациите од извештаите и сметате дека нешто сомнително се случува со компјутерот потребно е да преземете дополнителни чекори преку дополнителни алатки. За подобро запознавање со темата, како дискусија, совети и патешествија на македонски интернет корисници, информирајте се тука!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии