SocialCar е одлична идеја, но Македонија треба да се подготви и за автономните автомобили

Македонија се приклучува во меѓународниот проект SocialCar. Проeктот треба да реши еден од најголемите проблеми, загадувањето, а и да ги намали трошоците за превоз. SocialCar е дел од Програмата за истражување и иновација на Европската Комисија – Хоризонт 2020 и е целосно финансиран од Европа.

Идејата на проектот е преку мобилна апликација да им се овоможи на корисниците да споделат превоз. Вакви апликации веќе постојат, но можеби поважно е граѓаните да се здобијат со навика да споделуваат превоз.

„Проектот „Сподели возило“ е начин за транспорт од една до друга локација преку споделување на нашето возило со нашиот сосед, колега, со луѓето од истата населба, односно, организирано заедничко патување во иста насока и време. Со овој проект сите може да дадеме придонес за заштита на животната средина, намалување на загадувањето и сообраќајниот метеж во нашиот град“, вели градоначалникот Коце Трајановски од собраниската говорница. 

Во првата фаза ќе се направи истражување на пазарот. Истражувањето треба да покаже: дали луѓето можеби веќе споделуваат превоз; сакаат ли да споделуваат превоз; дали би учествувале во мрежа за споделување на возила. Потоа ќе биде изработена апликација која ќе овозможи едноставно и лесно споделување на превоз.

За жал, тука започнуваат дел од проблемите. Предвидувањата се дека подготовките за проектот ќе траат 36 месеци. Додека се завршат овие фази ќе дојде времето за кое се предвидува почетокот на масовно производство на автономните возила. Најголемите превозници како Uber и Lyft сè уште не се влезени во Македонија, но тоа без сомневање ќе се случи во иднина. Дури и да не постои интерес за пазарот во Македонија, компаниите ќе сакаат да ги спојат државите во регионот за да можат да споделуваат превоз.

Овие компании веќе имаат одлични апликации кои овозожуваат споделување на превоз. Дури и Google започна со тестирање на споделување на превоз преку Waze, па секако нема да има недостиг на апликации.

Идните технологии на Lyft и Uber и било кој друг сличен сервис, ќе овозможат нешто што на граѓаните на Скопје, а и на дел од другите градови им е одземено – зеленило и отворен простор. Без разлика во која населба живеете, сигурно сте забележале дека на тротоарите има повеќе простор за возила отколу за пешаци, а двете страни од улицата се зафатени со возила.

За решавање на проблемот со паркирањето, на возилата им посветивме и специјални згради, катни гаражи и паркинзи, наменети специјално за нив. Проблемот е толку голем што се добива впечаток дека во дел од населбите има повеќе простор за паркирање, отколку паркови. Ова е последица на друг поголем проблем кој неодамна го сподели директорот на Lyft: „просечниот автомобил се користи само 4 отсто од времето“.

Па иако идејата за SocialCar е добра и ќе ги привикне граѓаните да споделат возила. Локалната и државната власт мора да се подготват и прилагодат за влез на новата технологија и сервиси. SocialCar во овој период треба да ги убеди граѓаните дека споделувањето на превоз е корисно за воздухот и за буџетот.

Дополнителна предност од автономните возила, вештачката интелигенција е подобар возач од луѓето, па слики како овие ќе бидат минато.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии