Собирајте пари, Илон Маск ветува дека летовите до Марс ќе бидат достапни

Основачот на Space X и Тони Старк од реалниот живот, Илон Маск најави дека за шест години ќе започне со транспорт на луѓе на Марс. Компанијата го забрза периодот во кој ќе започне со мисиите со луѓе од 2025 на 2022.

„Она што сакам да го направиме е патувањето на Марс да изгледа можно. Нешто што може да го направиме во нашиот живот.“

Првиот брод кој компаниајта ќе го испрати на Марс ќе биде наречен „Heart of Gold“; по бродот од омилената книга на многумина „Автостоперски водич низ галаксијата“. За оваа цел компанијaта работи на модуларен бустер кој може да се користи повеќепати. Вакви модули ќе бидат испратени и во орбитата за повторно полнење. Но модулите ќе може да се креираат и на Марс, и тие ќе треба да се користат за враќање на леталата назад.

Можеби најдобрата вест е дека г.Маск сака значително да поевтини патувањето до Марс. Со сегашната цена за патување се потребни 110 милијарди долари за секој патник,. Во иднина г. Маск сака ова да биде многу поевтино, околу 200.000 долари.

„Причината заради која јас собирам финансии е да го направам ова. Немам никаква друга цел, освен да го направам животот интерпланетарен.“, вели г. Маск.

Патот до Марс ќе трае 80 дена, но луѓето кои ќе бидат помеѓу првите кои ќе патуваат, мора да бидат подготвени дека е можно и да загинат.

„Дали сте пофготвени да умрете? Ако сте тогаш сте кандидат за одење. Не е важно кој ќе оди прв, поважно е да направиме одржлива цивилизација на Марс. Ќе биде неверојатна авантура. Не можам ни да замислам нешто што е поинспиративно. Животот е многу повеќе од секојдневните обврски. Мора да се будите секој ден и да бидете возбудени за иднината, да бидете инспирирани, да сакате да живеете!“

Изјавата за испраќање на луѓе на Марс,  ја поздрави НАСА, кои ги охрабрија сите кои работат на патување на Марс. Сепак додадоа дека за патувањето да биде реалност ќе бидат потребни најбистрите и најдобрите умови, јави Guardian.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии