Со закон ќе се регулираат патеките за електрични велосипеди

По примерот на Франција, за која неодамна дознавме дека има сериозен проблем со електричните тротинети, македонските власти решија предвреме да реагираат и да интервенираат со законско решение за возењето електрични тротинети.

Причината за ова според властите е можноста за хаос на пешачките зони и тротоарите. Во Македонија бројот на електрични тротинети засега не е толкав за да претставува сериозна опасност или проблем во сообраќајот, но сепак од Министерство за внатрешни работи сметаат дека треба да реагираат.

„Со оглед дека појавата, односно учеството на електричните тротинети во сообраќајот стана зачестена појава по сообраќајниците, а имајќи предвид дека овој вид на превозно средство не е регулирано во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи подготвува законски измени и дополнување на Законот, а сè со една цела – нормативно регулирање и воспоставување стандарди за безбедност и за овој вид учесници во сообраќајот“, велат од МВР.

Електричните тротинети и велосипеди се практични и еколошки. Проблемите со гужвите се поедноставни, а и паркирањето е помал проблем. Дополнително не може да се занемари и заштитената во споредба со автомобилите. Градските власти во Скопје оваа година беа толку воодушевени од ова превозно средство што ги заменија субвенциите за велосипеди со субвенции за електрични тротинети. Дополнително, веќе има најава дека оваа пракса ќе продолжи и на следниот повик за субвенционирање. Како овие следни тротинети ќе се одразат на сообраќајот ќе дознаеме веројатно наскоро.

Засега нема повеќе детали за законското решение, но ако судиме по сличните најави од Франција, веројатно може да очекуваме забрани за движење и ограничување на брзината. На пример градоначалничката на Париз најави дека ќе се обиде да донесе забрана за движење на електрични тротинети по тротоари и паркови. Брзината да биде ограничена на 20 km/h, а во пешачките зони на 8km/h.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии