Со Wildlife Insights, Google користи AI да го сочува дивиот свет

Wildlife Insights е релативно нов проект на Google. Во соработка со седум конзерваториски организации, целта е значително да се забрза процесот на анализирање податоци. Како резултат, истражувачите на дивиот свет можат благовремено да се запознаени со реалната ситуација и правилно да изнајдат соодветни мерки и решенија.

Низ целиот свет се поставуваат сензори и камери кои го фотографираат и бележат движењето на најразличните животни. Фотографиите се исклучително важни затоа што кажуваат многу работи за здраствената состојба на дивиот свет. Како што сигурно претпоставувате, меѓутоа, листањето низ нив не само што бара многу време туку и е исклучително здодевно. Wildlife Insights дозволува фотографиите да се постават на Google и, од таму, да се користи вештачка интелигенција за да се направат соодветните анализи.

Имплементираните методи зад AI технологијата се способни да препознаваат огромни разлики помеѓу животните, како и да извлечат податоци за класата, редот, семејството и видот на животните. За да дојдат до саканите податоци, AI моделите анализираат шеми, бои, тектури и ред други својства. До целосна анализа на 3.6 милиони фотографии, Wildlife Insights доаѓа за само еден час. Чисто за споредба, еден истражувач е способен да анализира од 300 до 1000 фотографии за само еден час, што е за 3000 пати поспоро, со фокус кој може да биде нарушен од физички и психолошки фактори.

Анализите на Wildlife Insights не се со 100% прецизност и идентификација низ 614 видови животни се движи со прецизност која е некаде помеѓу 80% и 98.6%. Што повеќе се храни датабазата со квалитетни фотографии, толку е подобра и самата проценка. Подразбирливо, Wildlife Insights е проект кој е неспособен да функционира самостојно. Људско внимание е дефинитивно потребно во ситуации која некоја слика не може правилно да биде анализирана, или при вметнување GPS координати. Со податоците, заинтересираните лица можат да добијат подобра претстава за големината на популацијата, како активноста на луѓето влијае на бројките и каков е односот помеѓу предаторите и пленот. Брзата анализа на фотографии може и полесно да ги открие лицата кои нелегално се занимаваат со лов.

Доколку ве заинтригира прочитаното и сакате да го дадете вашиот допринос, Wildlife Insights е со отворени порти за сите и ви дозволува да ги гледате мапите, како и да преземате најразлични податоци. Имајте во предвид дека, како релативно тазе платформа, работите се сеуште во бета стадиумот на развој. Доколку сте научник, ќе добиете пристап до значително понапредни алатки. За таквото нешто, мора првин да бидете проверени. По успешната верификација, можете да го користите Wildlife Insights за да создавате и соработувате на проекти, да споделувате податоци и детално да разгледувате бројни анализи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии