Со Wiki Offline за iPhone ја имате цела Wikipedia во џеб

Да му кажевте на некој пред 100 години дека еден ден ќе може да се носи целото знаење на светот во џеб, ќе ве сметаше за луд. Денес, без проблем може да ја сместите цела Wikipedia во iPhone, односно скоро 4 милиони статии. Сега повторно замислете инстантен пристап до било која од нив. Неверојатно, нели?

Wiki Offline на Avocado Hills е апликација за iОS уредите која овозможува инстант офлајн пристап до било која статија од Wikipedia, и “тежи” само 3 GB. Компатибилна е со iPhone, iPod Touch и iPad, со минимум iOS 4, и чини 5 долари.

Wikipedia во џеб се покажува екстремно корисна кога сакате да импресионирате некој со знаење, на пример професор), кога патувате некаде, или пак едноставно не можете да дочекате да стигнете дома за да проверите некоја информација. Постојат неколку апликации кои ја нудат содржината на Wikipedia и се достапни за iPhone, но Wiki Offline е сега за сега најквалитетната во однос на следниве критериуми.

Toa што е најважно кај Wiki Offline е што има офлајн пристап. Aпликација која овозможува пристап до Wikipedia само преку интернет конекција е беспотребна, бидејќи самата Wikipedia веќе има оптимизирана мобилна верзија и самата енциклопедија си има своја официјална апликација. Затоа пак, офлајн пристап до било која статија во цела wikipedia е една од покорисните работи кои може да се носат во iPhone.

Реално, апликацијата не би била воопшто корисна доколку за секоја статија чекате долго време да се пребара и вчита. Wiki Offline користи индексирано пребарување со инстант резултати кое појавува предлози уште пред да го напишете зборот.

Од една страна, постојано се зголемува бројот на статии во Wikipedia, ама од друга страна, постојано се подобрува компресијата на датабазата која се користи во апликацијата, па пресметано сè на се, со тек на време големината на датотеката се намалува. Во тековната верзија на Wiki Offline, за англиската Wikipedia ќе потрошите нешто околу 3 GB, а во идните верзии очекувајте нешто помалку. Да, 3 гигабајти за цела енциклопедија не е воопшто многу. :)

Иако во Википедија на македонски јазик многу области сè уште не се покриени, таа сепак има над 50.000 статии посветени на локални теми. Македонскиoт е еден од многуте јазици кои паралелно може да ги инсталирате и многу едноставно да ги менувате по потреба.

Пред да започнете со користење на апликацијата, треба да почекате неколку часа да се симне датабазата од серверите на Avocado Hills. Понатака се функционира со токени. Иницијално имате еден токен со кој може да инсталирате еден јазик, и за секој дополнителен јазик си доплаќате нов токен кој чини околу 1 долар. Исто така, доколку сакате да ја ажурирате датабазата после неколку месеци, ќе треба да потрошите еден токен.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии