Viber е мобилна апликација за Android и iPhone која лесно се интегрира со вашата контакт листа и ви овозможува да комуницирате бесплатно со пријатели или роднини било каде во светот. Сé што ви е потребно за да воспоставите бесплатен разговор со добар квалитет е да имате стабилна интернет конекција на вашиот мобилен.

Откако ќе ја преземете апликацијата, Viber од вас бара да го потврдите вашиот мобилен број преку активациска СМС порака и да и дозволите пристап на апликацијата до вашата контакт листа, од каде што Viber автоматски ќе препознае кои ваши контакти веќе имаат инсталирано Viber.

Разбирливо е дека СМС пораките и повиците ќе се остваруваат само преку Viber апликацијата, а доколку се прашувате како оваа апликација ви овозможува да комуницирате бесплатно и не бара од вас ниту денар, сетете се на Skype, и овој популарен софтвер го прави истото, па дури има и мобилни верзија. :)

Дечките зад Viber сè уште немаат пронајдено начин баш како да заработат од корисниците чија бројка надминува 12 милиони активни од вкупно 20 милиони регистрирани, но сепак ветуваат дека:

  • никогаш нема да ја наплаќаат апликацијата
  • никогаш нема да ги наплаќаат Viber-до-Viber повиците
  • никогаш нема да ги наплаќаат Viber-до-Viber СМС пораките
  • никогаш нема да објават реклами во апликацијата
  • вашите податоци никогаш нема да бидат продавани, изнајмувани или на било кој начин злоупотребени

Според нашите тестови и при локален и при интернационален разговор остварен и на 3G и Wi-Fi конекција, квалитетот на повикот преку Viber е одличен, на моменти подобар и од стандардниот разговор преку оператор.

Апликацијата е бесплатна за преземање од App Store или Android Market.

10 коментари на “Со Viber зборувајте бесплатно преку мобилен

  1. kako treba pravilno da se vnesi broj od VIP..go vnesuvam..i treba poraka da mi stigni po nekoe vreme..ali nishto do sega..izgleda pravam greska vo vnesuvanjeto na brojot..pozdrav

  2. "никогаш нема да ги наплаќаат Viber-до-Viber СМС пораките" – не се ова СМС пораки ако треба и 2цата да ја имаат инталирано апликацијата и да имаат активна интернет конекција. Тоа е чист IM, истото е ко да се рече дека Gmail нема да наплаќа за Android to Android емаил пораки :)

  3. аха. значи исто како скајп, со тоа што нема десктоп верзија, и нема можност за повикување „надворешни“ броеви. не сфатив само што е предноста…?

    1. Откако ќе ја преземете апликацијата, Viber од вас бара да го потврдите вашиот мобилен број преку активациска СМС порака и да и дозволите пристап на апликацијата до вашата контакт листа, од каде што Viber автоматски ќе препознае кои ваши контакти веќе имаат инсталирано Viber.

  4. Да но тие автоматски ги имат сите мои броеви за да може ги препознае кои се регистрирани во Вибер или не. Тие ја добиваат мојата листа ја сканират со нивната и ми праќаат информација кој се нивни клиенти незнам колку е тоа сигурно да се распространуваат телефонски броеви, некој друг да даде мислење?

  5. Одличен софтвер. Viber веќе многу одамна е на пазарот и совршено функционира. По инсталацијата ако веќе некој од Вашите контакти има Viber, следи автоматско препознавање. Конекцијата и квалитетот на разговорот преку 3G и преку WiFi е далеку подобра од таа на Skype.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии