Со „Verified Calls“ ќе знаеме кој и зошто на бара на телефон

Дејан Соколоски

во Вести

Image courtesy of Google

Google претстави нова функционалност која ќе им помогне на компаниите полесно да стигнат до своите корисници. Verified Calls на повиците по телефон им додава нови исклучително корисни податоци.

Наместо на екранот на корисникот да доаѓа единствено името и телефонскиот број, на екранот за повик доаѓаат куп покорисни информации, на пример: најгоре на екранот доаѓа податок дека профилот е верификуван; наместо телефонски број може да прочитаме кој не бара; и веднаш под ова причина за повикот.

Google се надева дека во период кога е почеста измамата со телефонски повици и смс пораки, ќе успее да ја врати довербата помеѓу бизнисите и корисниците.

„Кога некоја компанија која учествува во програмата ќе направи повик Verified Calls го потврдува идентитетот на компанијата. Со ова корисниците можат да бидат сигурни дека не станува збор за измама. Корисниците ќе добија подобро искуство со име на компанијата, лого, беџ за верификација и причината за повикот, со што се поставува основата за успешна конверзација“, вели Google.

Слично како и за повиците верификацијата на профилите ќе се однесува и на SMS пораките. Со ова како што вели и самиот Google ќе треба да се влијае и да се врати довербата кај корисниците кога повиците на компании се во прашање.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии