Со цензура Google ќе го освојува кинескиот пазар

Дејан Соколоски

во Свет

Google работи на цензурирана верзија на својот пребарувач. Ова е со цел за освојување на кинескиот пазар кој го блокира најголемиот пребарувач.

Project Dragonfly е оваа цензурана верзија прелистувачот која ќе ги отвори кинеските врати за Google, јавува Intercept. Компанијата на ова работи веќе повеќе од половина година, а поинтензивно започнаа да работат од декември 2017 година.

Оваа определба на Google, кој долго време не е присутен на кинескиот пазар можеби најдобро ја покажува неговата важност. Најголем дел од Кинезите не можат да го користат Google, бидејќи е зад „големиот кинески firewall“.

Всушност Google пребарувачот ќе функционира прилично едноставно. Пребарувањето ќе прикажува сè што не е зад ѕидот, содржините кои се забранети ќе бидат отстранети од резултатите. Но, компанијата оди и чекор понатаму и ќе тргне некои од чувствителните пребарувања. Изворот на Intercept вели дека развојот на Dragonfly не е јавен ниту во компанијата. За проектот знаат стотина луѓе кои го развиваат.

„Не се согласувам големите компании и државите да соработуваат во опресијата врз луѓето, мислам дека транспарентноста на она што се работи е јавен интерес. Во спротивно се плашам дека она што се прави во Кина ќе се повтори и со други држави“

Засега се развива единствено верзијата на пребарувачот за Android. Со оглед на тоа дека најголем дел од кинеските корисници и користат телефон да пристапат до интернет, се чини дека нема ни да има потреба од десктоп верзија.

Од 2006 до 2010 година Google користеше цензурирана верзија на пребарувачот во Кина, но под притисок на јавноста се повлече од пазарот. Сепак тогаш пазарот беше помал, а сега е гигант. Дали Google повторно ќе го направи истото останува да видиме.