Надополнето: мЗаедница – Со технологија до подобар Карпош

Надополнето: 9 април, 2018 @ 20:00

Twitter корисникот @therealpsmst преку DM нѐ контактираше со информација и линк дека апликацијата на Општина Карпош има проблем со јавно листање на личните податоците на корисниците кои ја користат апликацијата, преку линк на кој е достапен JSON формат од податоците кои ги користи API-то на апликацијата мЗаедница во која имаше листа од имиња, презимиња, е-маил адреси и други податоци…

Откако валидиравме дека станува збор за реални податоци, со цел да добиеме коментар од девелоперите и Општина Карпош за пропустот, ги контактиравме девелоперите, кои по краток период нѐ информираа дека проблемот е надминат и јавните линкови од API-то не се веќе достапни.

Изразуваме јавна благодарност до @therealpsmst за споделената информација.


Паметни општини во иднина ќе треба да им помогнат на граѓаните да имаат поудобен живот. Токму во оваа насока е и мобилната апликација мЗаедница изработена од Моника Јандревска и Кристијан Трајковски.

Засега апликацијата ја применува единствено општината Карпош иако би можеле да ја имплементираат и останатите општини. Нарачател и сопственик на апликацијата е невладина организација Блинк 42-21, а мЗаедница е финансирана од УСАИД. Изработени се iOS и Android верзии на апликацијата и достапни се за преземање од соодветните продавници.

„Апликацијата се вика мЗаедница и моментално е достапна само за граѓаните на општина Карпош. Идејата е граѓаните да пријавуваат проблеми, даваат предлози и слично, и со секоја објава стига нотификација на имејл на раководителите на секторите кои ги одбрале корисниците, вели Моника Јандревска.

Мобилната апликација треба да помогне да се отстранат пречките како време и место и граѓаните секогаш и од секаде ќе може да придонесат за подобра околина. Секако најголема предност е можноста за директна комуникација со претставниците во локалната управа. Дополнително, сите корисници на апликацијата се поврзани помеѓу себе и на друштвените мрежи.

Апликацијата е едноставна за користење и на граѓаните им нуди неколку корисни функционалности:

  • да пријават проблем;
  • да понудат некој предлог;
  • да започнат иницијатива

Дополнително и самото пријавување на проблемите на вистинска адреса е едноставно. На пример: штом граѓанинот забележи некаков проблем може да испрати фотографија, а потоа од листа се одбира типот на проблем и секторот кој ќе ја добие пораката.

Веројатно најголем предизвик ќе биде да се натераат корисниците да ја користат апликацијата. Ова често зависи од корисниците, но зависи и од другата страна. Ако граѓаните забележат дека преку апликацијата побрзо се надминуваат проблемите секако тоа ќе значи и дека почесто ќе ја користат.

1 коментар на “Надополнето: мЗаедница – Со технологија до подобар Карпош

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии