Со Steam ќе може многу повеќе Windows игри да играте на Linux

За поголемиот број гејмери, идеалната платформа е Windows. Бројот на поддржаните игри е значително поголем за разлика од бројот на игри кој е поддржан на Linux. Но, од Valve тестираат нова бета верзија на Steam Play, верзија која е заснована на Wine. Преку овој неофицијален Linux проект за компатибилност, корисниците можат да играат многу повеќе Windows игри на некој од Linux оперативните системи. Valve вложија ресурси за да ја надградат верзијата, ја именуваа истата во Proton и вметнаа поддршка за Steamworks и OpenVR.

Сo Proton можете да инсталирате и играте Windows игри кои воопшто не се поддржани во Linux. Имплементацијата на DirectX 11 и 12 е заснована на Vulkan API. Според Valve, таквото нешто би требало да ја подобри компатибилноста и перформансите. Како дел од надграденатa верзија на Wine, Linux корисниците моментно можат да играат дополнителни 27 игри, како Into The Breach, Doom и STALKER: Shadow of Chernobyl, а поддршка за уште многу други се очекува наскоро. За да ги играте игрите, потребно е претходно да ја имате купено Windows верзијата.

Информирајте се целосно преку официјалниот пост на Valve.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии