Square е апликација за трансакции преку мобилен телефон која од денес е достапна за iPhone и Аndroid.

Идејата е едноставна. Вие сте во ресторан и е време да платите, преминувате со кредитната картичка преку малиот коцкаст читач закачен на мобилен телефон на трговецот, трансакцијата се процесира, се потпишувате на мобилниот, можете да го сликате тоа што сте го купиле, а ако сакате сметката ја добивате преку СМС или имејл заедно со локацијата каде е извршена трансакцијата.

Концептот на ваквото плаќање е скроз нов, делумно не функционира како што треба земајќи в предвид дека е потребно да се има читачот на картичка за да се користи апликацијата. Иако може мануелно да се вметне бројот на картичката сепак идејата е да трансакцијата да биде брза. Затоа основачот на Square Џек Дорси, кој е и eден од основачите на Twitter, најави дека при пријавување за Square секој трговец ќе добие бесплатен читач за картички.

Во секој случај оваа идеја која може да го промени начинот на како ги користиме кредитните картички.

[youtube]QSzsFAJAKHI[/youtube]

1 коментар на “Со Squаre плаќањето со кредитни картички оди преку мобилен

  1. Не е до брзината. Ако се внесува бројот рачно, тогаш е CNP (card not present) трансакција и поскапа е за трговецот. Читачот е потврда дека картичката била физички присутна каде што е направена трансакцијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии