Со Snap Power Charger секој штекер е USB полнач

Snap Power Charger е најверојатно најдоброто решение кога станува збор за USB полнач. Toj e полнач скриен во маската на штекерот, што го прави да биде универзален уред бидејќи може да се приклучи на најголем дел од постоечките штекери. Маската има две клеми кои се поврзуваат со напојување од штекерот, а USB-приклучокот е поставен на работ на маската со што овозможува непречено користење на штекерот, дури и во случај кога полните некој уред.

Ова звучи како сериозна конкуренција на хрватско-македонскиот штекер U:Plug, сепак, Snap Power Charger не е готов продукт се уште. Проектот стартува на Kickstarter кампања, во која досега имаат инвестирано над 314.000 долари од околу 7.700 поддржувачи, што е десет пати повеќе пари одошто беа побарани. Маските се достапни за цена од 14 долари, а испораката ќа започне во август. За жал во рана фаза Snap Power Charger е достапен единствено во Северна Америка.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии